Достапни линкови

Вашингтон: Сенатот го одобри нацрт законот за поддршка на приемот на Јадранската група во НАТО


Американскиот Сенат го одoбри нацрт законот со кој се поддржува приемот на Македонија, Хрватска, Албанија, Грузија и Украина во НАТО. Истиот закон пред десетина дена беше одобрен и од Претставничкиот дом. Сенаторот од Републиканската партија Ричард Лугер изјави дека приемот на шестте земји ќе биде успех за Европа, НАТО и Соединетите Држави бидејќи со тоа се проширува зоната на мир и безбедност. Тој прецизира дека Македонија, Албанија и Хрватска постигнале значаен напредок во реформите преку нивното учество во Акциониот план за членство од две илјади и втората година. За жал, Грузија и Украина се уште не се во овој план, но и тие покажуваат значаен прогрес, изјави Лугар.
XS
SM
MD
LG