Достапни линкови

Во предлогот се препорачува независност на Косово под меѓународен надзор?


И Србите и албанците сметаат дека предлогот што доцна синоќа му е предаден на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун води кон независност на Косово, што се одбива од Србија а поздравува од косовските албанци. Шефот на српската диопломатија изјави дека Русија не и ветила на Србија дека ќе стави вето на евентуалната нова резолуција.

Заменик пратеникот на Обединетите Нации за статусот на Косово Алеберт Роан во Њујорк на генералниот секретар Бан Ки Мун му го предаде предлогот за статусот на Косово. Предлогот, според портпаролот на Светската Организација Брендон Варма, наскоро се очекува да биде испратен и до Советот за Безбедност на Обединетите Нации.

„Советот за безбедност се очекува да расправа за Косово во Април. Ние мислиме дека предлог планот за косово ке биде јавно објавен во Април или и малку порано.“

Всушност, содржината на документот на планот за статусот на Косово на пратеникот Марти Ахтисари ке биде познат официјално откако ќе се преведе на сите јазици на земјите членки на Советот за безбедност, а тоа се очекува да се заврши во следните десет дена. Меѓутоа, новинските агенции веќе јавуваат дека во предлогот се препорачува независност на Косово под меѓународен надзор. Оваа информација за Радио Слободна Европа ја потврди шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ.

„Во предлогот се зборува за најчиста независност, формирање држава со сите атрибути на територијата на Србија спротивно нејзината воља. Таа независност би била надгледувана неколку месеци така што овде би се задржал УНМИК, а потоа некои органи на Европската Унија, но се е само привремено.“

вели Драшковиќ и додава дека Русија не и ставила до знаеење на Србија дека ке вложи вето во Советот за Безбедност на ОН.

„Официјално од највисоки места устата на Претседателот и шефот на дипломатијата ние не сме добиле такво уверување. Не се одеше од натамошната формулација дека Русија енма да се согласи со решение кое не би било резулат на компромис и би било противно на вољата на Србија. Многумина тоа го толкуваат на различни начини, меѓутоа дипломатскиот јазик е таков што ако не се согласуваш со нешто може да значи и дека ќе бидеш воздржан.“

А не е исто да се не дава согласност и да се биде против, прецизира шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ. Во предлог решението за статусот на Косово, објавено минатиот месец, Мари Ахтисари не го користеше терминот независност.
XS
SM
MD
LG