Достапни линкови

Освен електрична енергија ќе има придобивки и на економски и еколошки план, велат експертите


Во услови на енергетска криза проблем со кој реално се соочија земјите од Балканот по затварањето на бугарската нуклеарна централа Козлодуј, Македонија не доволно ги искористува обновливите извори на енергија меѓу кои ветерот и сонцето за производство на струја, велат експертите. Во овие извори за добивање на енергија, многу се инвестира во развиените земји пред се заради елиминирање на јаглен диоксидот од еколошки причини, како и поради трошењето на овој ресурс. Македонија е сончева земја и има потенцијал за искористување на сонцето, а постојат и места како Овчеполието што може да се искористат и за изградба на ветерници. Ефикасна и економична експлоатација на ова богатство ќе значи решение на енергетските проблеми на земјата, посочуваат експертите:

„За разлика од Запад каде сончевите денови изнесуваат 120 до 150 дена, Македонија има околу 270 сончеви дена во текот на годината, а Македонија денеска не користи ниту 1% сончева енергија, и ниту 1% од енергијата на ветерот.“

Истакнува професор Трпе Груевски од Здружението за обновливи извори на енергија. Тој вели дека освен придобивките во искористувањето на сонцето и ветерот за производството на струја, ќе се почувствуваат и други ефекти:

„Што Македонија може да ја чека, ако се знае дека државава треба да има доволно енергија за да може да го развива своето стопанство. Никој во земјава нема да сака да инвестира доколку не биде убеден дека во Македонија има доволно вода и енергија.“

Дека треба да се инвестира во иднината, се согласува и професорот од Електро-техничкиот факултет Рубин Талески, но тој смета дека вложувањето во изградба на сончеви колектори и ветерници за производството на електрична енергија сеуште се скапа инвестиција за Македонија поради потребата од софистицирана технологија:

„И заради тоа произведената цена на електрична енергија е доста повисока отколку цената на електричната енергија што се добива од конвенционалните електроцентрали.“

изјавува професор Талески.
Во Министерството за економија се прават првите чекори за искористување на обновливите извори на енергија. За да се стимулираат граѓаните за користење на сончевата енергија, започна проект со кои им се покриваат до 300 евра од трошоците за поставување на соларни колектори по домовите.
XS
SM
MD
LG