Достапни линкови

Со нафтоводот руските испораки на нафта ќе го избегнуваат Босфорскиот мореуз


Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во Атина на потпишувањето на договор со Грција и Бугарија за изградба на нафтофод преку кој руската нафта од Бургас на Црно Море ќе се пренесува во грчкото пристаниште Александропулос на Егејот. Синоќа Путин имаше работна вечера со премиерите на Грција и на Бугарија Караманлис и Станишев. Преговорите за нафтоводот кој ќе биде во должина од двесте и осумдесет километри траеја скоро тринаесет години.

Со нафтоводот се овозможува руските испораки на нафта за Запад да го избегнуваат пренатрупаниот Босфорски мореуз во Турција. Мнозинството пакет акции врз нафтоводот ќе го имаат руските енергетски компании кои се контролирани од државата, додека преостанатиот дел се поделени меѓу грчките и бугарските фирми. Планирано е нафтоводот да чини околу деветстотини милиони долари и преку него дневно ќе можат да се пренуваат над седумстотини илјади барели дневно. Неодамна претседателот Путин изјави дека со тоа Русија добива разноликост во нејзините транзитни рути:

„Сите ние добро знаеме колку брзо се развива светската економија и колку многу енергија и треба и ќе и треба во иднина. Тоа значи дека не треба да постои конкуренција туку партнерски однос во напредокот на светските енергетски пазари.“

Изјави рускиот претседател Путин за време на неговата неодамнешна посета на Саудиска Арабија. Путин пристигна во Атина по престојот во Рим каде што имаше разговори со италијанскиот државен врв, но и со поглаварот на Римокатоличката црква Папата Бенедикт Шеснаесетти. Токму на оваа средба се гледа како знак на затоплување на односите меѓу Католичката и Руската православна црква која за времето на претходниот папа Јован Павле Втори го обвинуваше Ватикан дека со агресивни методи се обидува да ги преобрати нејзините православните верници во католички. Папата Бенедикт Шеснаесетти пак е на став дека илјада годишната поделба на црквите претставува скандал.

„Знам лично дека Патријархот на Москва и на цела Русија се стреми за развивање на блиски и пријателски односи меѓу двете сестрински цркви. Од наша страна ние ќе сториме се да го помогнеме меѓуцрковниот дијалог. Лично верувам дека и човечки, хуманитарни и Христијански вредности.“

Изјави претседателот Владимир Путин, по средбата со италијанскиот премиер Романо Проди во Бари. Инаку, на овој состанок доминирале односите на Русија со Европската Унија, особено потребата за продолжување на разговорите за нивното ново стратегиско партнерство. Станало збор и за кризните жаришта при што двете страни се изјасниле против употребата на сила во решавањето на конфликтите во светот.
XS
SM
MD
LG