Достапни линкови

Рамковниот Договор е позитивен крај на конфликтот велат аналитичарите


Шест години од почетокот на конфликтот државава сеуште не успеја да ги расчисти случаите на внатрешно раселените и киднапираните лица. Она што се случуваше 2001-та година потајно се актуелизра и преку Бошковски и Тарчуловски кои го очекуваат судењето во Хашкиот трибунал, а во меѓувреме македонското судство се подготвува за вракањето на четирите случаи. Според Имер Имери кој како претседател на ПДП беше еден од потписниците на охрискиот Рамковен договор позитивен ефект од конфликтот е фактот што лидерите од различните етнички заедници како што вели, биле приморани конечно да седнат на заедничка маса и да ги решаваат проблемите:

„Се направи она што со години неможеше да се направи промена на Уставот со оние достигнувања од современ карактер, за потполна рамноправност. Она што беше и сеуште се провлекува како негативност е тоа што нема потполно разбирање меѓу етничките заедници, албанците и македонците, односно сеуште има проблеми во реализирање на поставките од Рамковниот договор.“

Без разлика на мислењата кој ги предизвика Рамковниот договор во периодот кога беше потпишан од денешна инстанца аналитичарите со став дека тој преставува позитивен крај на настаните. Според професорот Стојан Кузев еден од авторите на книгата „Војната во Македонија во 2001година“ затегнатите мегутенички односи кои сеуште ги чувствуваат граѓаните произлегуваат од како што вели, само вербалната заложба на политичарите за реализација на договорот:

„Ние во нашата свест и совест сваќаме дека доколку определен документ се донесе дека чинот на неговото донесување значи и разрешување на проблемот. Такви сме и во случаите со донесувањето на законите во Македонија поради што се нарушени основните принципи на уставност и законитост.“

Со сличен став во однос на компромисот кој што се постигна е и аналитичарот Назми Малиќи, но тој предупредува дека не смеаат да се заборават и траумите кои конфликтот ги донесе:

„Секој конфликт за жал е проследен со невини жртви тоа веќе е последица на конфликтот, што понатаму и во постконфликтната ситуација луѓето живеат со тие трауми.“

објаснува Малиќи.
XS
SM
MD
LG