Достапни линкови

logo-print

Ваква институција не е потребна смета македонската стручна јавност


Според најавите Хашкиот трибунал за нешто помалку од три години ќе престане да работи, без разлика дали до тогаш ке бидат процесуирани сите обвинети или осомничени за воени злосторства од просторот на поранешна Југославија. Судењето за единствениот македонски случај во Хаг започнува на 16 април. Оттука се поставува прашањето дали ке се заврши постапувањето по предметите. Маринко Јурчевич главен обвинител во Босна и Херцеговина презентираше во јавноста иницијатива за формирање на Балкански трибунал. Според него оваа институција би требало да почне да функционира откако ке се затвори Хашкиот трибунал, а дотогаш да завршат подготовките за негово формирање, притоа за тоа потребна е поддршка од мегународната заедница пред се од Обединетите нации или тие со резолуција и да го формираат. Македонската стручна јавност смета дека ваква институција не е потребна. По затворањето на Хашкиот трибунал случаите треба да ги превземат надлежите институции во земјава, вели претседателатот на Врховниот суд Дане Илиев кој додава:

„Тој правно согласно меѓународните конвенции и конвенцијата на ОН и Советот за безбедност на ОН, како и за Хашкиот суд може тоа да го изведе и за државите од Балканот, но за мене се поставува прашањето за опортунитетот од формирањето на овој суд, односно дали постои потреба за формирање на таков суд и колку тој би бил ефикасен како суд да ги избегне сите замки кои овие пак, држави членки од Блаканот ги имаат кон Хашкиот суд.“

Дека домашните органи треба да поставуваат по предметите за сторени воени злосторства смета и адвокатот Ненад Јаничевич:

„Мислам дека нашите судови треба да ја преземат ингеренцијата за вакви и слични случаи, од проста причина што тие се домицилни и компетентни да одлучуваат.“

За вакви работи треба да биде надлежна меѓународната заедница и таа да го каже последниот збор:

„Ако тоа е, меѓународен суд, еден од трите кои постојат во светот, во обврска или него го конституираат ОН тоа значи дека таа идеа треба да се пласира таму, да се предложи идеа и ОН да одлучат и тоа не зависи од нашите национални законодавства.“

Вели обвинителот Коста Петровски.
XS
SM
MD
LG