Достапни линкови

Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе ги разгледува новите санкции против Иран


Советот за безбедност на Обединетите Нации во целосен состав, денеска треба да го разгледа нацрт текстот за новите санкции против Иран поради неговото одбивање да ја запре нуклеарна програма. Предложените санкции, кои се усогласени меѓу Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија, содржат ембарго за конвенционално оружје и за кредити за Иран. Не е утврден датумот кога Советот би гласал за санкциите. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска повтори дека и покрај заканата со санкции, Техеран нема да се откаже од нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG