Достапни линкови

Вашингтон: Сенатот денеска треба да расправа за Ирак


Американскиот Сенат денеска треба да ја почне расправата за Ирак, која повеќе од еден месец е одложувана со процедурални маневри. Според најавите на претставници на републиканците и на демократите, се очекува денеска конечно да почне разгледувањето на предлогот на демократската партија за повлекување на американските сили од Ирак. Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел изјави дека е против овој предлог, но оти нема намера да го блокира почетокот на дебатата. Според предлогот, повлекувањето би требало да почне во наредните четири месеци, а да заврши до крајот на март идната година.
XS
SM
MD
LG