Достапни линкови

Внимателен оптимизам за идниот развој на настаните поврзани со статусот на Косово


Марти Ахтисари смета дека Белград и Приштина не можат да постигнат компромис поради што својот предлог план ке го поднесе до Советот за безбедност на Обединетите Нации. Американската дипломатија, по минатонеделната посета на регионот на Помошник секретарот на Стејт Депертментот Даниел Фрид, внимателно оптимистичка околу идниот развој на настаните поврзани со статусот на Косово.

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари рече дека нема надеж за компромис меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. Тој деновиве ке му го предаде неговиот план на Генералниот Секретар Бан Ки Мун, а се очекува Советот за Безбедност да дискутира за Косовскиот статус следниот месец. Меѓутоа американскиот помошник секретар за Европа и Евроазија Даниел Фрид во Вашингтон на прес конференција изјави дека е претпазлив оптимист за мирна иднина на провинцијата. Еве што тој изјави во Вашингтон по враќањето од посетата на регионот.

„Јасно е дека луѓето на Косово сакаат главно да живеат заедно. Тие се внимателни во односите меѓу себе. Јасно е дека нема доверба, но и јасно е дека во голем дел постои определеност планот на Ахтисари да функционира.“

Помошник секретарот Фрид вели дека на лидерите на двете страни им рекол дека пратеникот Ахтисари е отворен да инкорпорира извесни промени се до моментот додека му го предаде документот на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун. Тој меѓутоа изрази несогласување со српскиот премиер Воислав Коштуница дека независноста на Косово ке биде преседан во историјата на Обединетите Нации.

„Нема ситуација во светот која наликува на Косово. Нема место акаде што ОН администрираат 7 или еве веке 8 години. Нема случај каде што НАТО интервенирал за да запре масовно етничко чистење. Преседан нема. Ние рековме и ке повториме дека Косово не е претходница на други подрачја како Абхазија, Јужна Осетија, Чеченија. Трансднестар, Корзика или Тексас на пример.“

На прашањето дали Русија ќе стави вето како што многумина очекуваат, американскиот помошник секретар за Европа и Евроазија Даниел Фрид изјави дека со Русија изразила загриженост но дека Вашингтон и Москва соработуваат тесно во врска со косовскиот статус неколку години и дека тој очекува соработката да продолжи. Во меѓувреме тензиите продолжуваат. Министерот за надворешни работи на Србија Вук Драшковиќ изјави дека ултранационалистите во Србија следбениците на Слободан Милошевиќ, би можеле да ја отфрлат владата доколку Косово добие независност. Фрид изјави дека НАТО ке осатне на Косово колку што треба и е подготвен да ја превземе одговорноста за спречување на евентуални насилства и големи крвопролевања.
XS
SM
MD
LG