Достапни линкови

Адвокатските тимови на двајцата обвинети велат дека се подготвени за одбраната


На речиси еден месец пред почетокот на судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски од нивните адвокатски тимови информираат дека се подготвени. За пред судењето закажано за 16 април, на 20 и 21 овој месец договорени се средби на одбраната со хашкото обвинителство:

„Ние сме подготвени за судењето на 16-ти ако Судскиот совет одлучил, но тоа не значи дека подготовката на одбраната е запрена. Ние сега работиме интензивно на проверка на сите докази на обвинителството, на собирање на наши докази што подразбира пристап до архивите на република македонија, но и барања до мегународните организации кои во тоа време беа присутни во Македонија НАТО, ОБСЕ, европските набљудувачи и онаму каде досега немавме пристап побаравме судскиот совет со обврзувачи налог до тие институции да ни го овозможи да провериме одредени податоците што би можеле да бидат во нивните архиви.“

Изјави Едина Решидович адвокатка на Љубе Бошковски.
Подготвена е и одбраната на Јохан Тарчуловски. Неговиот адвокат Антонио Апостолски вели:

„Од страна на одбраната обезбедени се 70 сведоци кои ќе сведочат во корист на обвинетиот Тарчуловски, се работи и на прибирање на писмените докази кои мислам дека ни се обезбедени во целост.“

Од адвокатските тимови соопштуваат дека најголем проблем во собирањето на доказите е несреденоста на архивите во Македонија:

„Ние секогаш имавме принципиелна и вербална согласност дека ке имаме ист третман како и истражителите од Хашкото обвинителство, но требаше време правото на одбраната да се реализира. Денеска пристапот оди полесно. Има еден генерален проблем со кој се соочува и обвинителството и одбраната, а тоа е проблемот со несреденоста во архивите и се губи време со одење од една до друга институција.“

посочува Решидович.
Во меѓувреме во собраниските комисии е предлог законот за соработка меѓу Македонија и Хашкиот трибунал. Од Министерството за правда информираат дека законот ќе придонесе за натамошна успешна соработка со трибуналот, и дека ќе помогне посебно во делот на постапката за предавање и постапување по предметите отстапени од Хаг на македонските надлежни институции.
XS
SM
MD
LG