Достапни линкови

logo-print

Ватикан: Владимир Путин на средба со папата Бенедикт 16-ти


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Ватикан ќе се сретне со папата Бенедикт 16-ти, прв пат откако тој е на чело на римокатоличката црква. Се очекува главна тема на разговорите да бидат затегнатите односи меѓу Ватикан и Руската православна црква. Како што пренесуваат агенциите, предвидено е Путин да се сретне и со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано и премиерот Романо Проди.
XS
SM
MD
LG