Достапни линкови

Постојат технички, географски и други можности за изградба на нуклеарна централа


Експертите сметаат дека постојат технички, географски и други можности за изградбата на нуклеарна електрана во земјава, а тоа како што упатуваат, ќе биде вистинско решение кое ќе понуди сигурен извор на електрична енергија. Потенцијалите постојат и можностите се отворени, објаснува професорот Миле Димитровски од Електротехничкиот факултет кој додава дека од пред 15-тина години постојат студија за можна локација и пресметки кои укажуваат дека ќе бидат потребни една милијарда долари за изградба на нуклеарна централа во земјава:

„Во Македонија направени се сите пресметки и покажано е дека на местото каде што е предвидена изградба на нуклеарна електрана, а тоа е во Мариовскиот крај има водни капацитети кои што би можеле да поднесат некаде околу 600-тини мегаватна нуклеарна електрана.“

Но, ова прашање додава професор Димитровски ,,тлее,, во сите студии за долгорочниот енергетски развој на Македонија. Од една страна проблем се средствата, а од друга страна постојат и стравувања, како отпор меѓу Еколошките друштва, така и од релевантните институции:

„Сеуште не се работи на подигање на јавната свест околу изградба на нуклерната централа, сеуште тоа прашање е ставено во мирување. Значи има две струи едните што се плашат и едните што се рационални околу изградбата на нуклеарна електрана.“

Иако Македонија е зависна од увоз на електрична енергија, проблем што кулминираше со затварањето на бугарската нуклеарна централа Козлудуј, наспроти укажувањата на експертите, налдежните институции велат дека во догледно време не размислуваат за идејата за изградба на нуклеарна централа како долгорочен и сигурен извор на електрична енергија:

„Треба да се видат размислувањата на едните што се „за“ и на другите што се спротивставуваат на тие аргументи. Но во секој случај во еден нареден период од 10-15 години таа варијанта за изградба на нуклеарна центала во Македонија неможе да биде отфрлена, но засега не се размислува за тоа.“

Посочува Марија Весова портпарол на Министерстовото за економија. Стучната јавност пак предупредува, според анализите, во 2025 година Македонија ќе се најде во сериозна енергетска криза и затоа треба брзо да се размислува:

„За да го решиме проблемот во 2025 година, треба денеска да почнеме да одлучуваме.“

истакнува професорот Димитровски.
XS
SM
MD
LG