Достапни линкови

Сребреница: Состанок на ентитетите и државната власт по прогласот за иселување на Бошњаците


Во Сребреница по повод прогласот за иселување на Бошњаците од тој град денеска ке се одржи состанок на кој се поканети челниците на ентитетските и државната власт, како и високиот претставник на мегународната заедница во Босна и Херцеговина. На состанокот свикан од општинските власти ќе се разговара за иницијативата на бошњаците од Сребреница колективно да го напуштат овој град. Тема на состанокот ке бидат и сите останати прашања што се однесуваат на животот во градот со цел обезбедување посебен статус на Сребреница во уставно правната рамка на Босна и Херцеговина. Од иницијативниот одбор за иселување на бошњаците оценуваат дека ситуацијата кулминирала со причина по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во која јасно се посочени извршителите на геноцидот.
XS
SM
MD
LG