Достапни линкови

logo-print

Патриша Рејдер, директорка на мисијата на УСАИД во Македонија. Македонија е созреана и може сама да ја преземе транзицијата во свои раце


Госпоѓа Рејдер, УСАИД ги намалува драстично средствата издвоени за Македонија. Што значи тоа?

Кога побаравме од Владата да дојдеме во овој регион, идејата беше да им се помогне на земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија да ја спроведат транзицијата кон европскиот контекст. Во моментов се размислува дека за Македонија е многу важно да дојдат донатори и да и помогнат да ја спроведе транцизијата и причината зошто сме овде е да се направат промените. Нашата улога овде се состои во тоа да имсе помогне на Македонците да научат нови технолигии, нови вештини, да постигнат напредок особено во демократијата и економскиот развој но помина долго време и Македонците веќе се способни тоа да го прават самите, така што наш став во моментов е дека Македонија како држава е созреана и може сама да ја преземе транзицијата во свои раце и во тоа се состои нашиот моментален план.

Мислите ли дека УСАИД придонесе за суштински промени во сферите во кио имаше свои проекти?

Мислам дека еден од најголемите успеси во работењето со Макдонците откако сме во земјава е во информатичката технологија. Со наша поддршка Македонија стана првата безжична земја во светот. Ова е навистина голема работа. Луѓето во САД знаат дека Македонија е првата безжична земја и тоа е навистина возбудливо И тоа навистина ја придвижува македонија кон 21 век. Еве само мала статистика. Кога започнавме со ова, користењето на интернетот беше 7 проценти а сега е на 27 проценти што е голема работа. Друго нешто што имаме направено е откако почнавме да работиме во областа на интернетот и ИТ секторот, цената на интернет провајдерите се спушти за околу 75 проценти. Ова се навистина големи промени. Тоа значи дека учењето преку интернет за учениците ќе биде подостапен, поевтин, поприменлив. Ние започнавме со компјутерски лаборатории во 50 училишта и во 450 училишта на учениците им донесовме компјутери. Ова е голема работа. Кога ги учиш овие работи додека си млад тоа останува во тебе и те прави да бидеш конкурентен. Во сферата на бизносот работевме со повеЌе од 450 компании обучувајќИ ги како да работат, како да го прифатат тоа и тоа навистина ги прави поконкурентни и во регионот и глобално. Една друга успешна приказна е на ниво на стручното образование. Една од нашите главни цели е да помогнеме во креирањето работни места, да помогнеме овие млади луѓе добро обучени да настапат на пазарот. Така што ние работевме на ниво на насоченото образование да им помогнеме на училиштата да ги променат курикулумите И да не бидат само теоретски. Го поканивме приватниот сектор И приватниот сектор помогна да се сменат курикулумите така што она што го учат децата да биде применливо кога “е завршат. Штотуку бев во Неготино во едно интересно училиште специјализирано за , тоа е повеќе од земјоделие. Но видов И како децата учат да ги усовршат техниките за правење вино,започнуваат со сопствено одгледување, ги развиваат плановите и потоа го продаваат. Техничките и бизнис училиштата во рамките на насоченото образование ги оспособуваат учениците да основаат свои фирми, да влезат во одредени фирми. Навистина постои ентузијазам меѓу учениците И меѓу професорите. Се гледа таа онерегија што псотои меѓу нив е посебна. Ова е нешто што ќе продолжи кога Македонија ќе созрее и разните донатори ќе си заминат. Ова е нешто што ќе го промени начинот на кој што ќе учат учениците и како да станат оспособени како работна сила.

Дали тоа значи дека користењето на интернетот и недостигот од пракса најмногу им ги забележувате на училиштата. Што уште му забележувате на македонското образование?

Ние имаме нова програма која ќе биде фокусирана на основното образование. Затоа што почнуваме порано деа размислуваме за нсоченото образование да се носат децата на работните места, зошто откако почнавме да правиме анализи во Македонија и во регионот ние согледавме дека основното училиште навистина не е на нивото на образованието во регионот, така што ние навистина треба да разговараме за основната писменост, основите математички области, компјутерите, а исто така на некои основни училишта им треба навистина реновирање. Така што ние работиме и со други донатори како што е Светската банка, министерството за образование за навистина да ги идентификуваме потребите во основното образование од обуката на наставниците, промената на курикулумите, компјутеризацијата за која зборувавме, но исто така И за реновирањето на училиштата за осветлувањето, водата за децата да имаат подобри училишта. Но тоа се планови што ги правевме со минситерството за образование а сега работиме и со општините за да ги идентификувам,е училиштата со кои ќе работиме.


Вие вложивте многу во зголемувањето на довербата на македонските граѓани во институциите, но таа се чини сеуште не е на задоволително ниво?

Бидејќи сум нова овде тешко ми е да зборувам за напредок, но од она што го прочитав и од тоа што го разбрав од луѓето со кои разговарав Македонија е стасана далеку од осамостојувањето и од нашиот почеток во 1993 година. Наше верување е дека довербата од страна на граѓаните кон владата и нејзините институции расте а она што се обидуваме да го направиме е да и помогнеме на Владата и на невладините организации па дури и на приватниот сектор да бидат потранспарентни, поефикасни поодговорни, и на тој начин Македонците да имаат многу поголема доверба во институциите без оглед дали се владини или невладини и ова е навистина нашата најголема цел и ние работиме во повеќе области за да го постигнеме тоа. Најдобар пример за тоа во она што ние го викаме полето на демократско владеење е кога работиме со парламентот, да го направиме многу попрофесионален, поодговорен, тоа е обуката на неговата администрација. Уште една голема област е владеењето на правото. Работењето со судскиот систем, работиме со одбрани судови да се унапреди администрацијата, да се направи подостапна, луѓето да доаѓаат до судовите и да добиваат пресуди побрзо. Ако имате фер и еднаков третман пред судовите, тоа на луѓето навистина им ја зголемува довербата во Владата. Така што има многу области кои влијаат на животот на луѓето во секојдневниот живот. А во поширока смисла ова ја прави Владата поодговорна, веројатно и пофер, потранспарентна. Тоа навистина ја зголемува довербата на граѓаните во Владата.

Кои проекти планира УСАИД да ги спроведе во иднина?

Ние остануваме фокусирани е развивање на пазарната економија. Работиме на зголемување на конкурентноста во обид да ја направиме македонската индустрија и бизнисот многу поконкурентни регионално и глобално. Во одредени индустрии се обидуваме да потенцираме одредени области а потоа исто така И во бизнис климата, дали одредена регулатива била пречка. Конкретно, наскоро ќе започнеме со еден проект од областа на земјоделието, бидејќи ккао што знањето земјоделието е двигател на македонската економија. Просктот го нарековме од нива до трпеза во кој би работеле со производителите, луѓето кои продават, па се до конзументите, така што е многу поефектно, поефикасно, пријатно и тоа е конкурентно во регионот и глобално. Наше мислење е дека македонија е многу, многу потенцијално конкурентна глобално, овде има одлични производи, но навистина да се направи поефикасна, технолошки да се унапреди , да се зголеми неговата вредност пред да се извезат во соседните земји, да се унапреди производството и маркетингот за да може парите да останат тука. Така што проектот во земјоделието ќе биде навистина голем почеток. Меѓу другите области во кои ќе продолжиме е децентрализацијата во таа област а исто така и во владеењето на правото, ќе продолжиме да работиме и во судскиот систем да стране многу поефикасен И една од најголемите области штотуку започнавме со проект во образовниот систем во основното образование И со тоа ќе продолжиме.

Дали тоа значи дека Македонија е најслаба во сферата на конкурентноста и пазарната економија?

Причината зошто сме фокусирани на развојот на пазарната економија, на приватниот сектор, на демократијата и владеењето е тоа што во овие области на Македонија навистина и треба напредок на патот кон зачленување во ЕУ. Па ако вие се стремите кон овие барања на ЕУ ова се областите на кои треба Македонија да се фокусира. Тоа е причината зошто сакаме да помогнеме а ова се и области во кои САД имаат искуство во делот на развојот на приватниот сектор и демократизацијата така што затоа се избрани овие области.
XS
SM
MD
LG