Достапни линкови

logo-print

Суетите и ниското ниво на политичка култура причина за „замрзнатиот“ дијалог меѓу институциите


По инсистирањето на преставниците на мегународната заедница кој што се во земјава, но и на оние во Брисел неделава што измина конечно Груевски и Ахмети заедно со своите тимови седнаа на заедничка маса. Но истовремено додека ОБСЕ НАТО Европската Унија И Соединтиете Американски Држави го поздравија стартот на разговорите мегу опозицијата и власта се блокираше дијалогот мегу институциите - претседател и влада. Имено несогласувањата мегу Црвенковски и Груевски за амбасадорските имиња место да се намалат се зголемија и според канцеларијата за односи со јавноста на претседателот неговата оцена е дека не постои никава основа за натамошно продолжување на разговорите.

Заслугата за започнувањето на дијалогот мегу Ахмети и Груевски според професорот од Филозофскиот факултет Биљана Ванковска е во мегународната заедница која како што објаснува не може да врши сличен притисок и кога се работи за проблем меѓу две институции

„Кога станува збор за редовна, нормална политика, каде што нема консензуални елементи, туку има елементи на личен план, тогаш меѓународната заедница не може да си го дозвили луксузот да интервенира, и тука остануваат на празно поле двата главни играчи, во случајот премиерот и претседателот. И тука, гледаме дека е застрашувачки имиџот дека националните интереси не се толку важни, колку нивните лични услови што ги наметнуваат.“

Доколку треба да се лоцира причината или пак виновникот за состојбата во која главна тема е немањето дијалог на било кое ниво Дане Талески од Инстутот за демократија вели дека треба да се гледа уште од почетокот на нашато осамостојување

„Во последните 15 години сите политичари во Македонија демонстрираат многу ниско ниво на политичка култура. Многумина од нив ги ставаат своите суети и лични интереси пред политичката прагматика. Е сега, застојот меѓу Црвенковски и Груевски не е од вчера, туку се јави веднаш по изборите.“

Инаку спорот мегу Црвенковски и Груевски кој трае речиси половина година не доби разрешница ниту на последната средба. Имено предлогот на претеседателот двајцата да се откажат од политичките и партиските решенија за амбасодорските места а тие да бидат пополнети од дипломати од редовите на министертвото за надворешни работи веднаш беше одбиен од страна на премиерот.
XS
SM
MD
LG