Достапни линкови

Одлагањето на резолуцијата на ОН за Косово би ги зголемила тензиите, предвидуваат аналитичарите


Денеска во Виена состанок на преговарачклите тимови на Белград и Приштина за ревидираниот план на Марти Ахтисари. Политичарите во Србија деновиве зборуваат дека предлог резолуцијата на Марти Ахтисари за статусот на Косово би можел да се најде во Советот за Безбедност на Обединетите Нации во септември. Засега нема официјални навестувања дека ке дојде до одлагање, но тоа, според британските аналитичари би ги зголеми тензиите на Косово.

Јан Вилјем Хониг од Лондонскиот Кралски Колеџ вели дека тензиите веќе постојат.

„Целиот процес веке доведе до тензии и тие траат подолго време. Веројатно ќе продолжат и ќе се продлабочуваат со приближувањето на времето за донесување на конечната одлука за статусот на Косово, бидејки ни српската ни албанската страна нема да бидат целосно задоволни од решението.“

Тој сепак се надева дека со мудра дипломатија и кризен менаџмент ќе се спречи тензиите премногу да се подигнат. Доцнењето до кое веројатно ќе дојде, вели Хониг од Лондонскиот Кралски Колеџ, покажува колку овој проблем е тежок, но истовремено на двете страни им дава време да се навикнат на новата ситуација за на крај да ја прифатат. Затоа вели тој, можеби должинатa на процесот на носењето одлука ке биде и корисна и ке доведе до намалување на тензиите на теренот. Тим Џуда – британски публист смета дека одлоговлекувањето сигурно ке придонесе за пораст на тензиите, а на прашањето дали Меѓународната заедница е подготвена на такво сценарио вели.

„Безбедносно меѓународните сили се подготвени за такво сценарио. Тие имаат план за подршка, но на дипломатски план би било се потешко да се убедуваат албанците да чекаат на конечното решение. Се разбира и за коосвко албанските политичари ке биде се потешко да праќаат такви пораки без да губат кредибилитет кај граѓаните.“

Значи вели Тим Џуда, што повеќе се одлага тоа е поголема веројатноста за пораст на тензиите кај косовските Aлбанци.
XS
SM
MD
LG