Достапни линкови

logo-print

Европската Комисија разгледува предлози за олеснување на визниот режим


Пред почетокот на третата рунда преговори за олеснување на визниот режим од македонската страна соопштуваат дека е побарано олеснување на визниот режим за студенти, научни работници, новинари, бизнисмени, за лицата кои заминуваат на службени патувања, превозници. За што ке се разговара во наредниот период информира Шпреса Јусуфи од министерството за надворешни работи

„Третата рунда, значи пак ќе поминат двата тима низ сите точки и прво да видиме што е она што комисијата го добила како мандат по сите прашања, од категории, документи итн,“

Освен категориите, велат во МНР важно е кои документи ќе бидат потребни за добивање виза, на која категорија грагани каква виза ке и се додели, рокот во кој ке се добие одговор дали е доделена визата, како и за цената на визата.

„Има повеќе предлози, една е категории кои ќе имаат бесплатни визи и категории со 50 насто попуст и категории кои ќе плаќаат така како што е. ЕУ и сегашната цена од 35 евра го третира како олеснување што ќе влезе во оваа спогодба,“

вели Јусуфи.

Од македонската страна посочуваат дека расположението кај претставниците на земјите членки за олеснување на визниот режим е различно. На пример оттаму велат дека особено на состанокот со претставниците на министерствата за внатрешни работи од земјите членки на Унијата не бил покажан интерес во оваа насока. Македонските дипломати додаваат она што би било олеснителна околност е земјава да добие датум за преговори со Унијата и да започне регуларни преговори во сите области па и оваа. Во меѓувреме треба да се исполнат условите како забрзување на реформите во делот на владеење на правото, сузбивање на организираниот криминал, корупција и илегална миграција. Владите во регионот ќе мора да ја засилат и контролата на границите и безбедноста на личните документи. Од МВР информираат дека кон крајот на овој месец ке започнат со издавање на новите пасоши, а дека наскоро ке се заокружи и процесот на интегрирано гранично управување, кое освен превземање на контролата на границите од страна на полицијата што е завршено, подразбира и дигитализација и осовременување на граничните премини.

Двата тима од страна на униајта и македонскиот ги утвтдија предлозите по сите прашања денеска треба да се одржи состанок во ЕК со земјите членки каде ке разгледаат сите прашања.
XS
SM
MD
LG