Достапни линкови

logo-print

Продлабочување на односите со земјите од Латинска Америка


Кога стана американски претседател во две илјади и првата, Џорџ Буш планираше продлабочување на односите на Соединетите Држави со Латинска Америка. Но, нападите на единаесети септември истата година, го сврте неговото внимание и од тогаш го игнорираше тој дел од светот. Сега тој е во неколкудневна турнеја по тамошните земји, носејќи со себе ветување за десетици милиони долари помош.

Пред заминувањето на турнејата претседателот Џорџ Буш изјави дека и покрај неговата преокупација со војните во Авганистан и во Ирак, релациите на Соединетите Држави со латиноамериканските земји никогаш не биле поблиски отколку сега. Според него, иницијативата на екс претседателот Џон Кенеди во шеесетите години од минатиот век за поблиски односи меѓу Северна и Јужна Америка придонесува за мирот и просперитетот на двата континента. Но, како што вели Буш, се уште има потреба за финансиска помош во Латинска Америка, особено ако се има предвид фактот дека четвртина од тамошната популација живее со помалку од два долара дневно, децата се необразовани, а медицинската грижа е на ниско ниво. Тоа не е само сканадал, туку и предизвик, оценува претседателот Буш.

„Факт е дека десетици милиони наши браќа и сестри од југот не живеаат добро. Тоа пак ги доведува под прашалник демократските вредности. На Латинска Америка и требаат промени и Соединетите Држави се решни да помогогнат, бидејќи тоа е наш национален интерес.“

Например, Белата Куќа планира во наредниве три години да потроши седумдесет и пет милиони долари да им помогне на децата од тој регион да учат англиски и да можат да се школуваат во Соединетите Држави. Тоа е само додадток на сто и пеесете милиони што во минатите три години ги потроши Вашингтон за истата цел. Американската админситарција се очекува да потроши над триста и осумдесет милиони долари како помош на семејствата кои се задолжени со хипотеки во Централна Америка. Тука се и програмите за подобрување на здравствената заштита. Меѓу другото и медицински брод на американската морнарица што ќе посети единаесет земји од Латинска Америка во кој ќе бидат вршени операции кои сега им се недостапни на тамошните пациенти.

„Милионите низ нашата хемисфера кои секојдневно страдаат и се понижени од сиромаштија и глад имаат право да бидат нестрпливи. Но, наша цел е да изнајдеме начини да им ја вратиме гордоста.“

Администрацијата на Буш планира кон крајот на годинава да организира конференција на која претставници од невладиниот сектор, приватниот бизнис и религиозните групи ќе бараат патишта за подобро искористување на финансиската помош за Латинска Америка.
XS
SM
MD
LG