Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ќе биде потребно време за спроведување на безбедносниот план, изјави Дејвид Питреус


Новиот командант на американските сили во Ирак, Дејвид Питреус денеска изјави дека ќе бидат потребни неколку месеци за спроведување на безбедносниот план за Багдад и за другите региони. На првата прес конференција во Багдад, од стапувањето на должноста, тој оцени дека и натаму се можни сензационалистички напади на бунтовниците, но оти ќе бидат вложени максимални напори тие да се намалат. Инаку, претходно Пентагон соопшти дека го одобрил барањето на Питерус за распоредување дополнителни 2 илјади и 200 американски воени полицајци во Багдад.
XS
SM
MD
LG