Достапни линкови

Белград: Белград и Приштина го добиле ревидираниот план на Ахтисари


Претставници на Белград и на Приштина потврдија дека го добиле ревидираниот план на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за Косово. Двете страни сеуште не се изјаснуваат по него. Портпаролот на Канцеларијата на специјалниот пратеник за Косово при ООН Реми Дурло истакна дека изменетата верзија на предлогот за идниот статус на Косово содржи многу измени. Ахтисари кој има намера да го претстави планот за статусот на Косово до Советот за безбедност на ОН до крајот на месецов, закажа финални средби со претставници на официјален Белград и Приштина в сабота во Виена.
XS
SM
MD
LG