Достапни линкови

logo-print

Багдад: Продолжуваат нападите врз шиитски верници при што загинаа 5 лица


Нападите врз шиитските верници во Ирак продолжија и денеска по вчерашните бомбашки напади во кои беа убиени 120 лица. Полицијата соопшти дека денеска биле убиени најмалку 5, а ранети 10 лица во јужен Багдад. Бомбата експлодирала кога верниците се движеле кон Карбала одбележувајки го крајот на 40 дневното жалење на Имамот Хусеин кој бил внук на пророкот Мухамед. Генералниот секретар Бан Ки Мун изрази жалење наведувајки дека целта е да се испровоцираат натамошни секташки напади.
XS
SM
MD
LG