Достапни линкови

Скопје: Продолжение на 12-тата седница на Собранието


Собранието на РМ денеска ќе ја продолжи 12-тата седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување. По оваа седница, Парламентот треба да ја одржи и 31-та седница. Вчера пратениците не го поддржаа Предлогот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа поднесен од група пратеници на СДСМ и ЛДП што предвидуваше зголемување на процентот од ДДВ и персоналниот данок за финансирање на општините од сегашните 3 на 4,5 насто.
XS
SM
MD
LG