Достапни линкови

Вашингтон: Во Македонија има подобрување на човековите права извести Стејт Департментот


Во Македонија во 2006 година има мало подобрување во почитувањето на човековите права во споредба со претходната година, вклучувајќи ја и подобрената внатрешна контрола и професионализмот на безбедносните сили, а намалена е и меѓуетничката дискриминација, се вели во извештајот на Стејт департментот за почитувањето на човековите права во светот во 2006 година. Според него, парламентарните избори што се одржаа во јули минатата година, „генерално беа во согласност со меѓународните стандарди, а за време на предизборната кампања и на денот на изборите беа регистрирани изолирани случаи на нерегуларности и насилство“. Владата на Македонија генерално ги почитува човековите права на граѓаните, но сепак има проблеми во некои области. Во документот се истакнува дека „проблем се уште претствува полициското малтретирање на осомничени, а постојат и тврдења за полициско малтретирање на припадници на етнички малцинства, посебно на ромската заедница“. „Корупцијата и политичкиот притисок во министерствата за правда и внатрешни работи, судовите и канцеларијата на јавниот обвинител ја попречуваат истрагата во некои случаи на нарушување на човековите права и обвинетите не се изведени пред суд. Дискриминацијата на етничките малцинства, посебно на Ромите, се уште претставува проблем“, се вели во извештајот на Стејт департментот за почитувањето на човековите права во светот во 2006 година.
XS
SM
MD
LG