Достапни линкови

Студенти од Македонија на работа во Соединетите држави


Студенти по право, новинарство, од рударски студии, теолошки и други се пријавуваат за работа во Соединетите држави за време на летниот распуст. Ова се спроведува со помош на агенцијата Коузон која посредува во наоѓањето работа, а програмата е одобрена од американската влада. Во неа партиципираат студенти од целиот свет, а можноста за студентите постои веке 12 години. Студентите добиваат виза за пет месеци, а работат 4 месеци. Олеснетиот начин на добивање виза е една од причините зошто аплицираат во оваа програма:

„Бидејќи е полесно, затоа што знаеме дека за Америка е тешко да се добие виза и вака како студент шансите се поголеми, а имаш и работа и можеш да заработиш некоја пара повеќе.“

вели студентот Богдан Мицов.
Оваа година во програмата се пријавени околу 300 студенти:

„Работата е исклучиво во туристички објекти низ целата територија на Америка, објекти кои што значат, ресторани, забавни паркови, национални паркови од таков сезонски карактер каде што се работи лесна работа. На студентите им е гарантирано работното место, платата која ќе ја обезбедат и сите други бенифиции за живеење.“

Изјави Зоран Кочовски од агенцијата Коузон која посредува во наоѓање на работа.
Многу од студентите веке биле на работа во Соединетите држави, велат освен работата имаме можност да ја видиме Америка и да запознаеме многу луге. Мотивот за заминување истакнуваат тие не е само работата, туку дружењето, запознавањето луге и слично. Еден од нив, Дарко Трајчев студент на рударскиот факултет од Штип кој повторно аплицира оваа година вели:

„Три месеци работев, останатиот еден месец шетав. Работев во Национален парк, во ресторан на рецепција и потоа се шетав со другари од Америка, од Европа, многу луѓе запознав, многу пријателства со кои сеуште сум во контакт.“

И Дејан Митушев од Теолошки факултет во Скопје исто така бил во Соединетите држави, работев како келнер, вели тој и додава:

„Ја одбрав оваа програма бидејќи сум бил веќе еднаш и сакам да отидам повторно во Америка бидејќи тоа е искуство повеќе, а и се заработува и имав можност и да прошетам.“
XS
SM
MD
LG