Достапни линкови

logo-print

Без разлика на подршката мора да се продолжи со спроведување на реформите, велат експертите


Поддршката од Соединетите држави за Македонија во нејзиното евроатлантско интегрирање е од големо значење, бидејќи токму тоа понекогаш може многу повеќе да помогне за приклучување во евроатлантските структури. Сепак земјава треба континуирано да работи и на постигнување на меѓународните стандарди, вели стручната јавност во контекст на континуираните пораки од американската администрација за поддршка за влез во НАТО во 2008 или 2009 заедно со Хрватска и Албанија. Последната изјава во оваа насока беше од американскиот заменик државен секретар Николас Барнс:

„Дефинитвно дека американската подршка е круцијална за процесот на интеграција на Македонија во НАТО и во другите сегменти, но сепак тоа не треба да не излаже дека Македонија ја има подршката и дека тоа е завршена работа. Не мора да значи дека нечија подршка значи и бланко подршка за зачленување во НАТО структурите.“

Изјави Ветон Љатифи од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Флора Кадриу претседател на собраниската комисија за надворешна политика смета дека американската поддршка е важна бидејќи станува збор за земја која како што вели е светска сила и додава:

„Подршката од секоја земја е потребна. Особено е значајна подршката од Соединетите држави меѓутоа не е клучна, потребно е самите да се ангажираме за подобрување на условите на живот на граѓаните во Македонија, тоа е најважно.“

За македонското – американската соработка и нејзиното интензивирање на сите полиња во иднина ќе се залага новоименуваниот амбасадор во Соединетите држави Зоран Јолевски:

„Соединетите Американски држави како членка на НАТО играат мошне значајна улога. Нашите активности во Вашингтон ќе продолжат на понатамошно анимирање на САД за подршка на нашето членство во НАТО. Се надеваме дека на следниот Самит на НАТО што треба да се одржи наредната година, Република Македонија ќе добие покана за членство во НАТО.“

Поддршката за Македонија се очекува да биде повторена и оваа недела за време на посетата на Скопје од американскиот помошник државен секретар за европски прашања Даниел Фрид. На средбите според најавите ке се разговара за идните билатерални односи мегу Скопје и Вашингтон, за евроатлантската интеграција на Македониија, како и за косовското прашање.
XS
SM
MD
LG