Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Годишна сесија на кинескиот Парламент


Кинескиот премиер Вен Џибао денеска во Пекинг ја отвори годишната сесија на парламентот со повик за одржлив економски развој. Обраќајки им се на околу 3 илјади делегати, Џибао истакна дека поефикасното користење на енергијата и мерките за заштита на животната средина мора да бидат дел од кинеската економска стратегија. Тој најави и зајакнување на воените сили на Кина, а вчера беше соопштено дека буџетот за одбраната ќе биде зголемен за 17,8 насто.
XS
SM
MD
LG