Достапни линкови

logo-print

Приштина: Протести на движењето „Самоопределување“


Денеска во Приштина ќе биде одржан протестен марш на косовското движење Самоопределување против планот за статусот на Косово на пратеникот на Обединетите Нации Марти Ахтисари. Иако најавија мирни протести, преставници на ова движење предупредија дека ќе го пробијат полицискиот кордон ако биде блокирано нивното движење. Косовската полиција изрази надеж дека насилството од 10 фебруари кога загинаа две лица нема да се повтори. Командатнот на КФОР Роланд Катер пак, вчера изјави дека ранливата безбедносна ситуација на Косово треба да е императив за политичарите што побргу да го решат статусот на Косово. Асошиетед Прес потсетува дека неговата изјава е во согласност со стравот кај албанските лидери и некои западни дипломати дека расте нетрпението меѓу мнозинското албанско население за добивање независност. Катер исто така предупреди дека КФОР ќе дејствува цврсто за одржување на мирот и безбедноста на Косово.
XS
SM
MD
LG