Достапни линкови

Кристијан Поленак, претседател на американската стопанска комора. Американски инвестиции во Македонија има, но не се доволни


Господине Поленак, се наоѓаме во екот на кампањата на Владата – Инвестирајте во Македонија. Министерот Ташковиќ пред извесно време ги повика американските инвеститори, уште еднаш, да дојдат и инвестираат во Македонија. Дали во ова порепознавате и една од вашите задачи?

Како не. Една од основните цели на комората е развивање на стопанските активности на нејзините членки и приближување на стопанствата меѓу двете земји. Ви принцип, нашето членство е разновидно. Тоа не се само американски компании. Тоа се во главно македонски компании кои имаат интерес во соработка со американски компании. По именувањето на госпоѓа Никон Милан за извршен директор во средината на јуни 2006, комората има многу поактивна програма, која се отсликува со редица активности во Македонија. Американската стопанска комора сеуште има нецелосна слика за Република Македонија, така што, се бориме за промовирање на вистинските вредности и нашето стопанство.

Американските инвестиции во Македонија се на дното. Зошто?

Во Македонија е присутен Мајкрософт, Циско, тоа се огромни корпорации од ИТ секторот. Присутен е Филип Морис, Џонсон Контролс. Не е од тоа направена голаме ПР камања, факт е дека се тука. Не би се согласил дека се најмалку американските инвестиции, од друга страна, факт е дека не се доволно. Американските компании кои би биле заинтересирани за инвестиции во југо источна Европа, перцепцијата што ја имаат е поширока. Тие не ја перцепираат Македонија како таргет, туку регионот. Сметам, дека сега регионот, со влезот на Бугарија и Романија во ЕУ, станува поатрактивен за инвестиции што потекнуваат од Америка. Пример за тоа е Романија, каде што инвестициите достигнуваат неколку милијарди долари. Добар дел од тие инвестиции доаѓаат од САД. Значи, прво регионалниот пристап на компаниите од САД е битен. Второ, битна е големината на нашиот пазар. Сега мислам дека перцепцијата се менува, регионот влегува во помирен период.

Владата презеде одредени економски мерки за да привлече странски инвестирори. Се зголемуваат ли значајно нашите аргументи?

Мерките што се преземаат сеуште се на почеток. Само намалувањето на данокот не е доволно за привлекување на инвеститор. Мора да направиме околина во којашто инвеститорот ќе се чувствува сигурно, за да може да произведува и тргува. Во таа насока, државата прави промоција. Но, сите инвеститори гледаат и други работи, коишто ние мора да ги овозможиме, а сеуште не се дел од кампањата. Замислете ако уште три четири компании од големина на Џонсон Контролс дојдат и на нив им се потребни електро инженери во број којшто не може да го пружиме. Цената на трудот не е ефтина. Во Македонија давачките за придонеси се огромни. Тоа е нешто што инвеститорот нема можност да го разбере претходно. Понатаму, честата промена на законската регулатива, владеењето на правото, функционирањето на судството, не е дека кај нас е најлошо, но може да биде подобро.
XS
SM
MD
LG