Достапни линкови

Лобирањето за влез во ЕУ и НАТО, како и економската соработка главни приоритети


Македонија и Соединетите држави имаат одлична билатерална соработка, доказ за е признавањето од оваа земја на нашето Уставно име како и соработката во рамки на меѓународната коалиција за борба против тероризмот. Токму затоа рече пред собраниската Комисијата за надворешна политика новиот македонски амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски моја обврска за време на претстојниот мандат ќе биде продолжување на овие инзвонредни односи. Тој во образложението на платформата пред комисијата ги наведе зацртаните политички цели кои како најбитно го вклучуваат лобирањето посебно и преку зајакнување на врските со Конгресот и Сенатот во оваа земја за членство на Македонија во НАТО:

„Таргет на делување ќе биде администрацијата, сенаторите, разни институти, и се разбира медиумите.“

Меѓу приритетите на Јолевски како што образложи ќе биде и подобрувањето на економската соработка со Соединетите држави. Привлекување на странски инвестиции и враќање на нивото на извозот кон оваа земја кој како што презентираше од 173 милиони долари во 1998 година, во 2006 година забележал пад на само 22 милиони долари.

„Планирам да се зголеми дупло за четири години македонскиот извоз. Имајќи предвид дека американската економија е огромна треба да се насочиме кон таргетирани странски инвестиции,“

рече Јолевски кој во платформата има зацртано цел и да ги зајакне врските со иселенците и да воспостави соработка меѓу асоцијациите на македонитите и албанците во Соединетите држави. Поддршка на ваквата програма Јолевски доби од опозицијата која сепак укажа на прашањата на кои за време на мандатот тој треба да се концентрира:

„Првото прашање што ќе биде поставено е прашањето за статусот на политичкиот дијалог. Многу загрижувачки факт е дека предвидената посета на американскиот амбасадор во НАТО, закажана од минатата година е одложена, ако не дај боже ни се случи ново одложување тоа значи дека нема ништо од очекуваната покана во Рига,“

истакна претседателот на опозициониата ЛДП Јован Манасиевски. Јолевски за Вашингтон заминува во текот на месецов.
XS
SM
MD
LG