Достапни линкови

Њујорк: Почина американскиот историчар и политички инсајдер Артур М. Шлезингер


Водечкиот американски историчар и политички инсајдер Артур М Шлезингер почина во Њујорк на 89 години. Тој е добитник на многу награди меѓу кои и Пулицеровата награда за неговата хроника владеењето на Џон Кенеди наречена Илјада денови. Тој служеше во неговата администрација и помогна во обновата на теоријата за либерализмот за време на Студената војна.
XS
SM
MD
LG