Достапни линкови

Девојчињата страдаат емоционално и психички поради притисокот да изгледаат секси


Во најновиот извештај на група американски психолози се вели дека девојчињата емоционално и психички страдаат бидејќи се под засилен притисок да изгледаат и да се облекуваат секси од најмлади години. Медиумите, облеката па дури и играчките испраќаат штетни пораки до седумгодишните девојчиња дека примарната вредност во животот е во тоа како изгледаат.

Во извештајот на Американската асоцијација на психолози се вели дека сексуализацијата на младите девојчиња во Соединетите Држави е силен и штетен тренд кој предизвикува депресија, наружувања во исхраната и губење на самодовербата. За време на критичните години кога се создава нивниот идентитет, младите девојчиња се бомбардирани од пораки кои испраѓаат сигнал дека најважната работа е да се биде убав, слаби секси. Доказ за ова има во спотовите, филмовите, рекламите, на полиците на продавниците за играчки, па дури и во песните.

Ејлин Зубриген , коавтор на извештајот на психолозите, вели дека девојките и жените се прикажуваат како сексуални предмети во секој вид медиум.

„Пораката што младите девојки ја добиваат е дека се вреднуваат или ќе бидат вреднувани според нивната сексуална појава. Пораката е дека сексуалноста е многу специфична работа која бара посебна физичка привлечност и која просечните девојки тешко ја достигнуваат.“

И Кејти Марк, родител на две девојчиња од 7 и 10 години, вели дека е загирижена за негативните последици врз нејзините ќерки.

„Мојата помлада ќерка е повеќе засегната од тоа што ќе го види на американските телевизии и ска да биде гламурозна. Сака да се шминка и да носи мали интересни работи. Зборува за тресење на колкови и такви слични работи. И толку е полна со енергија и восхит, што тешко е да се помисли дека сето тоа не е слатко.“

И Рут Берген, психолог од Филаделфија вели дека има многу причини за загриженост од влијанијата на ваквиот тренд врз нејзините две ќерки.

„Мислам дека проблемот е насекаде. Кога сакате да им купите облека и сакате да најдете нешто детско, тогаш се соочувате во ситуација во која е тешко да најдете нешто такво. И ако најдете нешто такво, тие нема да се согласат да го облечат.“

Токму затоа преку напорна работа, не носење на шминка и небојадисување на косата, Бергер се обидува да им служи како пример на своите ќерки, како и да им покаже дека така треба да изгледа среќна и успешна жена во општеството.
XS
SM
MD
LG