Достапни линкови

logo-print

Рим: Сенатот треба да гласа за доверба на премиерот Романо Проди


Италијанскиот премиер Романо Проди денеска се соочува со гласање за доверба во Сенатот. Тој пред една недела поднесе оставка, откако сенаторите не му дадоа поддршка за неговата надворешна политика. Се очекува на Проди да му биде изгласана доверба, бидејќи тој веќе ги обезбедил гласовите на двајца сенатори кои не глсаа за него во минатата недела. По гласањето во Сенатот, в петок за владата треба да се изјасни и Долниот дом, но таму Проди има сигурно мнозинство.
XS
SM
MD
LG