Достапни линкови

Свет: Пад на светските берзи


Голем пад на светските берзи. Проблемите почнаа во Кина каде што вчера берзата падна за девет проценти, што е најголем пад во последниве десет години. Се претпоставува дека до ова дојде поради загриженоста на инвеститорите од прецентите берзански цени. Следуваше пад на Лондонската берза која загуби 2,3 насто и Њујоршката од 3,5 проценти. Белата куќа која соопшти дека претседателот Џорџ Буш бил известен за падот на берзите изрази уверување дека тоа нема позначајно да се одрази врз американската економија.
XS
SM
MD
LG