Достапни линкови

Каракас: Фидел Кастро изјави дека закрепнува


Кубанскиот лидер Фидел Кастро изјави дека закрепнува и оти се чувствувал посилен. Кастро, како што јавуваат агенциите разговарал во живо со неговиот пријател претседателот Хуго Чавез во една емисија на венецуелското радио. Кастро не се појавил во јавноста по опрерацијата на стомакот во јули минатата година, кога власта во земјата привремено му ја предаде на неговиот брат Раул.
XS
SM
MD
LG