Достапни линкови

logo-print

Босна и Херцеговина може да побра воена отштета за пресудата дека Србија не го спречила геноцидот


Босна и Херцеговина би можела да побара воена отшета врз основа на делот од пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Србија е одговорна затоа што не го спречила геноцидот. Ова за Радио Слободна Европа го оценува Аврил Мекдоналд, правен експерт во Институтот Асер во Хаг. Според нејзиното мислење, Судот својата одлука дека Србија не го организирала геноцидот во Босна ја донесол врз основа на докази, а не од некои политички причини.

Можам да разберам дека ваквата одлука на Меѓународниот суд е разочарувачка за многумина во Босна и Херцеговина, но таа треба да се гледа и во контекст на делот во кој се констатира дека Србија не го спречила геноцидот, вели за нашето радио Аврил Мекдоналд, додавајќи дека станува збор за многу сериозна квалификација:

„Според Конвенцијата на Обединетите Нации за геноцид, тогашната СФРЈ, како една од потписничките, а потоа Југославија и Србија, се обврзаа не само да вршат геноцид, туку и да го спречуваат. Тоа е еднакво важна меѓународна обврска. Затоа не треба да се минимизира констатацијата дека официјален Белград не ги спречи овие акти на насилство.“

Вели Мекдоналд кој во врска со практичните и правните последици на делот од пресудата дека Србија не ја исполни ваквата обврска наведува:

„Тоа допрва треба да се види. Зависи и од потезите што ќе ги преземе Босна. Според мое мислење, таа би можела да побара наплата на воена одшетата. За тоа апсолутно постои правна основа.“

При ваков случај, според Мекдоналд, Меѓунардниот суд има на располагање неколку можности, почнувајќи од јавно извинување, па до одшетата на семејствата на жртвите. Аврил Мекдоналд во однос на дел од реакциите на пресудата на Судот во Хаг дека одлуката делумно била и политички мотивирана за да не се предизвикаат натамошни тензии вели дека не верува оти ваквата пресуда Судот ја донесол поради политички причини.

„Тешко ми е да проценам. Очигледно Меѓународниот суд ја базирал својата одлука и врз доказите што ги добил од Хашкиот трибунал. Морам да кажам дека дека не ми е многу јасен делот од пресудата дека во Сребреница е извршен геноцид, а за тоа никој да не е одговорен. Геноцидот не се случува по грешка, туку станува збор за систематска и организирана намера, а зад тоа може да стои само некоја држава, а не и поединци.“

Оценува Аврил Мекдоналд правен стручњак во Институтот Асер во Хаг за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG