Достапни линкови

Пеќ: Оштетени неколку автомобили на паркингот на ОБСЕ


Неколку автомобили на паркингот на ОБСЕ во Пеќ западно Косово се оштетени при денешната експлозија. Според портпаролот на Косовската полиција Авни Џевокај нема повредени лица. Ова е втор напад против меѓународни организации на Косово за само една недела. Според најавите денеска во Виена треба преговарачките тимови на Белград и Приштина треба да разговараат за планот на пратеникот Марти Ахтисари за статусот на Косово во делот на децентрализацијата.
XS
SM
MD
LG