Достапни линкови

logo-print

Скопје: Свечена академија во спомен на загинатиот претседател Борис Трајковски


Во рамките на вториот Меѓународен лидерски форум што го организира фондацијата „Борис Трајковски“ вечер ќе биде одржана свечена академија во спомен на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. На академијата, премиерно ќе биде прикажан документарен филм за претседателот Трајковски, а потоа Фондацијата организира Вечера на заедништво и молитва, на која како што е најавено ќе присуствуваат високи државни претставници и учесници на Форумот. Покровител на академијата е премиерот Никола Груевски, а форумот насловен како „Одговорно лидерство“, има за цел да ги промовира вредностите на лидерството кои овозможуваат градење општества согласно највисоките цивилизациски норми и стандарди.
XS
SM
MD
LG