Достапни линкови

Меѓународната заедница ги разгледува следните мерки кои ќе ги преземат ОН


По извештајот на Меѓународната Агенција за Атомска енергија дека Иран не ги исполнил барањата за запирање на процесот за збогатување на ураниумот во меѓународната заедница се разгледуваат кои се следните мерки кои Обединетите Нации можат да ги превземат. Аналитичарите веруваат дека станува збор за економски санкции, но некои веруваат и дека се уште има простор за дипломатијата.

Извештајот на Меѓународната Агенција за Атомска енергија тело на Обединетите Нации дека Иран не ги исполнил барањата за запирање на процесот за збогатување на ураниумот е објавен и се доставува до 35 те земји членки на Агенцијата. Повекето земји веруваат дека Иран се обидува тајно да развие технологија за нуклеарно оружје, бидејки процесот на збогатување ураниум може да се користи и за цивилна и воена цел. Техеран ги одбива предусловите за преговори, тврди дека нема намера да развие оружје и оти нема да се откаже од нуклеарната програма за цивилни цели. Што следи? Марк Фицпатрик е експерт на Лондонскиот Меѓународен Институт за стратегиски студии.

„Советот за безбедност ќе почне дискусија за уште еден пакет санкции. Во минатата резолуција од 23 декември, Советот експлицитно рече деак доколку Иран не го исполни барањето во рок од 60 дена ке бидат донесени доплнителни мерки согласно поглавието 41, а тоа се економски санкции.“

Шенон Кили од Меѓународниот Институт за мир пак смета дека Русија и Кина поради комерцијални интереси не би се согласиле со дополнителните економски санкции, додека Фицпатрик се согласува но сепак смета оти Москва и Пекинг поради стретегиските интереси со Америка и Европа и посакуваната меѓународна улога да биде дел од решението. Кили од друга страна вели дека е тешко да се предвиди што следно ке се случи околу спорното нуклеарно прашање.

„Очигледно дека на крајот од спектарот е можноста за воена акција, веројатно преземена од Соединетите Држави, можеби од Израел, доколку се види дека Иран се приближи до реалноста да направи нуклеарно оружје. Јас сметам дека се уште има простор за дипломатија. И мислам дека до 2009 или 2010 Иран нема да биде способен да направи нуклеарно оружје.“

Американската администарција сите опции ги остава отворени. Истовремено и во самиот Иран расте загриженоста од конфронтација со Западот. Реформистичката партија на пример побара од владата во Техеран да ги прифати барањата на Обединетите Нации за да се спречи донесување нова резолуција во Советот за Безбедност.
XS
SM
MD
LG