Достапни линкови

logo-print

Рим: Наполитано ќе го соопшти составот на новата влада


Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по дводневните консултации со лидерите на политичките партии, денеска треба да соопшти кој ќе ја предводи новата влада по ненадејната оставка на премиерот Романо Проди. Во италијанската јавност се очекува претседателот Наполитано да реши Проди да остане на функцијата, бидејќи коалиционите партнери ги надминале разликите околу италијанската надворешна политика. Проди поднесе оставка во средата откако сенаторите од левицата кои се дел од владината коалиција гласаа против испраќањето италијански војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG