Достапни линкови

logo-print

Поместувањата се нормални, но непотребни во овој период


Поместувања на македонската политичка сцена. По првите потреси во опозицијата со кој беше сменет лидерот на СДСМ Владо Бучковски, а на неговото место дојде Шеќеринска несогласувања се појавија и кај колацинерите во владата. Различните позиции особено се интезнивираа по јавното искажување на натрпеливост мегу Петковски и Тачи. И додека владините партнери најавија средба за координација за наредниве недели СДСМ денеска на Конгрес дебатира за извештајот, платформата и новиот статут. Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека несогласувањата мегу владините партенри биле очекувана појава:

„Беше јасно дека владеачката коалиција која се состави е со таков идеолошки и кадровски состав кој неможеше објективно подолго време да обезбеди некаква стабилност која што ќе ја покажеше нејзината единственост.“

вели Рамадани и додадава дека овие поместувањата може да предизвикаат и низа негативни ефекти кои ке влијаат врз државата:

„Се плашам дека во самата Влада ќе настанат разидувања, кои ќе покажат неединство во Владата. Во опозицијата од друга страна можат да одат на порадикални чекори и внатре и надвор од Собранието, но сепак тоа ќе покаже една тотална политичка нестабилност која во овој момент апсолутно не ни е потребна.“

Во врска пак со превирањата кај опозиционерите политиколог Владимир Божиновски со став дека внатрепартиските несогласувања во рамки на СДСМ веке добиваат посмирен тон. Од друга страна најавата на новиот лидер на ЛДП Јово Манасиевски за самостојносто настапување на изборите вели Боживнсовни отвара можност за нови разединувања на позиционерите:

„Кај нас е погрешно дека најголемиот број на оние помали партии кога ќе влезат во коалиција со поголемите партии да речеме ВМРО ДПМНЕ или СДСМ се претопуваат во нив и затоа најверојатно затоа е овој обид на ЛДП да ја поврати онаа самостојност како политичка партија.“

Но, сепак спротивно од Рамадани Божинсовски смета дека превирањата на маекдоснката политичка сцена не се голема опаснот доколку партиите успејат да се договорат за клучните прашања од државен интерес:

„Во право е да се има превирања на самата политичка сцена, тоа е нормално во секоја држава, но мора да се има заеднички став по однос на надворешната политика без разлика кој е на власт, а кој опозиција.“

Но, несогласувањата меѓу опозиијата и власта се најголемите. По неколку неуспешни обиди за седнување на заедничка маса и меѓународната заедница ги предупреди сите политички актери дека тоа е неопходно за државата.
XS
SM
MD
LG