Достапни линкови

Граѓаните велат дека ќе треба време за да им се врати довербата


На македонскиот банкарски пазар забележан е пад на побарувачката за станбени кредити меѓу граѓаните, а како главна причина се сметаат неколкуте афери со изградбата на станбени објекти во држава, како Фиком, Самарија или Раба, ова го покажува истражувањето спроведено меѓу банкарскиот сектор во државава од страна на Народната Банка. Токму ова е причината поради која скопјанецот Александар и неговата сопруга ги одложиле плановите на одредено време за купување на сопствен стан по неколку годишното живеење под кирија:

„Бевме сериозно заинтересирани со сопругата бидејќи сме под кирија и размислувавме да купиме стан, но по ова што се случи со аферата ФИКОМ и другите скандали, веќе незнаеме што да правиме.“

Александар вели дека сега повеќе размислуваат за купување на стан од физичко лице во стара градба, но вели тој ниту тоа не е гаранција во земјава:

„Единствена опција ни е да купиме стар стан од физичко лице, во стара градба, инаку од некој изведувач во нова градба да купуваме веќе ни на памет не ни паѓа. Но и со стан во стара градба не сме сигурни, бидејќи истиот стан може да биде продаден на неколку лица, никој не ги гарантира нашите пари.“

Состојбите со продажбата на станови се попрва, но не е на ниво од претходно поради сеуште големата недоверба на граѓаните. Три месеци од објавуваето на аферите, не продадовдме ниту еден стан вели Љупчо Борјаниев сосптвеник на градежна фирма:

„Луѓето веќе не веруваат ниту на имотни листови и на тој начин практично имаме намалена продажба, која сега сепак е малку зголемена, инаку претходно три месеци немавме продадено ништо.“

Дека атрактивноста на становите во изградба се намалува, а расте заинтересираноста за становите кои веќе се користени, потврдуваат и во агенциите кои се занимаваат со продажба на недвижности. Ивица Карапетров од една скопска агенција за недвижности посочува:

„Граѓаните избегнуваат да купуваат станови во градба, па повеќето станови што се на пазарот се веќе изградени стари станови кои што се продаваат. Тој дел од пазарот е доста зголемен.“

Изјавува Карапетров. По аферите во градежништвото Минстерството за транспорт и врски започна борба против урбанистичката мафија. Општините под овој притисок започнаа и со издавање на сертификати како потврда за оние градби кои се легални, а делови од нелегалните објекти се урнаа.
XS
SM
MD
LG