Достапни линкови

Подготвени сме да разговараме на сите теми, вели Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ


Дали партиите ќе седнат на зедничка маса е тема која ја преокупира јавноста со месеци. Околу последната покана на Груевски до ДУИ за дијалог вчера стигнаа и барањата кој што ги постави Ахмети за да се случи тоа. Веќе познатото присуство на меѓународната зедница, но и распуштање на Комитетот за односи меѓу заедниците се дел од условите под кои би започнал дијалогот за прашањата важни за државава. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека сеуште немаат изградено заеднички партиски став. Но, Силвана Бонева потенцира дека според неа, не во е во ред да се поставуваат услови за почеток на разговорите:

„Сметам дека сериозни политички партии нетреба да се уценуваат едни со други за да разговараат, туку она што е проблем и за кој што сметаат дека треба да се изнајде решение треба да се седне на маса и да се кажат аргументите и да може да се доближат ставовите. Ние сме расположени да го направиме тоа, да седнеме и да разговараме отворено за овие прашања бидејќи тоа веќе го направивме и со другите политички партии од опозицијата.“

Вели Бонева и додава дека инсистирањето на ДУИ за присутво на меѓународната заедница на разговорите за нив не е спорно:

„Ние немаме ништо против, мислиме дека можеме добро да комуницираме со колегите од ДУИ како и со другите политички партии и без присуство на меѓународната заедница, но доколку тие ценат дека е потребно заради нив тие да бидат присутни, нас не ни пречи тоа.“

Јани Макрадули од Социјалдемократскиот Сојуз вели дека ја разбира потребата на ДУИ од мегународната зедница поради како што вели фактот што според него двете партии имааат нерачистени односи уште од времето кога се договарала владата:

„Затоа бидејќи немаат доверба едни со други очигледно им треба присуство на меѓународната заедница како некаков гарант, бидејќи си ветуваат едно, но очигледно тоа не се реализира во пракса.“

Распуштањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, вели Макрадули уште од одамна е и нивно барање:

„Треба да се ревидира и да се соберат сили да се формира повторно Комитет бидејќи во моментот тој нефункционира.“

Од ДПА пак велат дека сеуште немаат озградено став околу барањата на ДУИ.
Во мегувреме по низата критики од меѓународната заедница за проблемот со дијалогот амбасадорот на Европската Унија во земјава Ерван Фуере им порача на партиите дека се доволно зрели да разговараат без нивното присутво. Колку побрзо се случи тоа што треба да биде дел од секојдневниот политички живот, изјави Фуере, толку ќе биде и помал медуимски настан.
XS
SM
MD
LG