Достапни линкови

Берлин: Махмуд Абас на средба со Ангела Меркел и Жак Ширак


Европската Унија е подготвена да и помогне на планираната палестинска влада на национално единство, доколку таа ги прифати начелата поставени од Блискоисточната мировна четворка, односно палестинците да го прифатат правото на постоење на Израел, да се откажат од насилствата како средства за постигнување политички цели и да ги прифатат досегашните договори помеѓу палестинските власти и Израел, изјави вчера во Берлин германскиот министер за надворешни работи Франк Волтер Штајнмаер по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Денеска во Берлин, Абас треба да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел, а планирана е и средба со францускиот претседател Жак Ширак.
XS
SM
MD
LG