Достапни линкови

Техеран: Иран не го сопре збогатувањето ураниум, стои во извештајот на Меѓународната агенција


Иран не го сопре процесот на збогатување ураниум како што се бара во Резолуцијата 1737 на Советот за Безбедност на ОН, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енегија за иранската нуклерна програма. Во извештајот како што пренесуваат агенциите, стои дека Иран продолжил со активностите преку изградба на подземна фабрика, вклучувајќи и поставување на центрифуги за збогатување ураниум. Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија во понеделеник ќе се состанат во Лондон за да договорат нов нацрт на резолуцијата за дополнителни санкции кон Иран.
XS
SM
MD
LG