Достапни линкови

Виена: Продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина за предлогот на Марти Ахтисари


Во Виена продолжи вчера започнатата финална рунда на преговорите меѓу Белград и Приштина за предлогот на пратеникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Денеска, како што е најавено, се разгледуваат анексите на планот на Ахтисари во врска со Уставот, правата на малцинствата и со правосудниот систем на Косово. Првиот ден од преговорите кои треба да завршат на втори март минал без приближување на ставовите меѓу двете страни.
XS
SM
MD
LG