Достапни линкови

Тоа е последица на ниски примања и висока невработеност, велат експертите


Имаш и кога немаш, овој слоган што како понуда за кредит до граѓаните го нуди една скопска банка очигледно е девизата која како начин за преживување ја користи се поголем број од македонското население. Имено, дека побарувачката на банкарските кредити расте, покажува и најновата анкета на Народната банка на Македонија во која и банките се изјаснуваат дека во привите три месеци од годинава очекуваат зголемување на побарувачката, но наспроти ваквата тенденција, во банкарскиот сектор не најавуваат промена на условите за кредитирање, односно намалување на каматните стапки. Токму тука е одговорот, велат економските експертите, високата побаравачка меѓу населението или фирмите е причината поради која банките не чувствуваат потреба за намалување на каматите:

„Имате ситуација, односно најава на Прокредит банка, ќе дојдеме ќе ги симнеме каматите, кога ги видоа каматите, односно како работат другите банки и тие ги покачија. Значи дека пазарот е гладен, односно има побарувачка кај населението.“

Изјавува Зоран Ивановски професор по економија од Европскиот Универзитет. А високите камати не ги спречуваат граѓаните посебно во побарувачката на потрошувачки кредити, меѓу немањето избор за покривање на животните трошоци. Тие велат:

„Каматите се превисоки, поставен е банкарски монопол, според тоа нашите банки се лихвари, не банкари.“

„Да, да многу луѓе користат. Поради ниските примања неможност да набават нешто од плата и мораат да ги користат кредитите.“


Големата кредитна задолженост е карактеристика меѓу поголемиот број од транзиционите земји, како можност да се преживее или лажно да се подигне стандарот, ги објаснува пак причините за високата кредитна активност меѓу населението професорот Душан Вељковиќ:

„Тоа е последица на ниски примања и висока невработеност. Има голем број случаи, луѓето поради неможноста со своите примања да ги покриваат тековните трошоци, проблемот го решаваат односно „мислат дека го решаваат“ на тој начин што ќе земат „поволни кредити“.

Според Вељковиќ банките ќе остваруваат големи профити, за сметка на граѓаните кои плаќаат високи каматни стапки се додека не се обезбеди вистинска либерзализација на банкарскиот сектор во земјава.
XS
SM
MD
LG