Достапни линкови

Виена: Почнува последната рунда преговори меѓу Белград и Приштина


Во Виена денеска почнува последната рунда преговори меѓу Белград и Приштина за предлогот на специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово Марти Ахтисари, која ќе трае до 2. март. Представниците на двата преговарачки тима најпрвин ќе ги изнесат забелешките на планот, а потоа расправата ќе се однесува на општите принципи на документот. Марти Ахтисари вчера изјави дека не е оптимист оти ќе се постигне компромис за статусот на Косово. Планот предвидува меѓународно набљудувана самоуправа и атрибути на државност како што се грбот, знамето, химната, армијата и устав, како и гаранции за српското малцинство.
XS
SM
MD
LG