Достапни линкови

Добро е ако Бугарија и Грција се поучат


Голем чекор напред во остварување на правата на македонците кои живеат пред се во соседните држави, вака накрактко од министерството за надворешни работи го коментираат изборот на Едмонд Темелко лидер на македонската алијанса за европска интеграција за градоначалник на општина Пустец, Албанија

„Сметаме дека ова е голем чекор напред за развојот на демократијата во Албанија, но и голема одговорност за избраните од електоратор. Се работи за општо прифатени меѓународни стандарди, кои се очекува да бидат аплицирани во сите демократски земји,“

изјави Шпреса Јусуфи од МНР.

Како пак на овој случај гледаат Македонците од Бугарија, Грција кои се соочуваат со низа на проблеми во остварувањето на своите права? Ке следат ли по овој случај позитивни искуства и во овие земји? Не може да се споредува состојбата со малцинските права на Mакедонците во Албанија, Бугарија и Грција, бидејки политичкото минато е различно, вели Павле Васкопулос од партијата на македонците во Грција, Виножито кој додава

„Една ситуација од Албанија на пример, каде што делумно, или само за Мала Преспа имаме потполно признавање, не доаѓа во предвид. Тоа е случајот на Грција и Бугарија, што воопшто не се признава македонското малцинство.“

Состојбата во Бугарија и односот на власта кон македонското малцинство е крајно некоректен

„Во Бугарија има спротивен развој сега. Има зацврстување на националистичките позиции кон нас и спрема македонската нација воопшто. Освен тој многу добар пример во Албанија, би било добро ако Бугарија се поучи, но постојат уште многу такви примери, ама лошо е што овде во владата никој не сака да се поучи од нив,“

изјави Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин

Деновиве уште една судска одлука од Врховниот суд во Бугарија која е во спротивност со барањата на Македонците. Бугарскиот врховен суд ја отфрли жалбата по решението на софискиот градски суд со кое се одбива регистрација на оваа партија на Македонците во Бугарија

„Без разлика колку сме во право или не, ги отфрлаат нашите жалби, а последната одлука е политичка,“

изјави Стојков.
XS
SM
MD
LG