Достапни линкови

Дојде годината на свињата, според Кинезите, една од најсреќните


Милиони луѓе во повеќе азиски земји го прославија почетокот на Лунарната нова година. Дојде годината на свињата, која според кинескиот зодијачки систем, е една од најсреќните. Болниците во најнаслениот континент веќе се подготвуваат на голем бран породувања бидејќи токму годината на свињата е најпосакувана за да се биде роден.

Традиционално, ѕвончињата, петардите и огнометот со кои се прославува кинеската нова година, треба да ги истрераат лошите духови и да донесат среќа и подобар живот. Тоа го вели и Ли Јагуанг од Пекинг

„Новата година е многу важна за нас, исто како што за некои е Божиќ. Ние сакаме бучна атмосфера, затоа и фрламе петарди и се дружиме. Тоа не прави среќни.“

А токму Годината на свињата означува среќа, просперитет и богатсво. Тоа посебно е потенцирано овој пат, бидејќи, според кинеската астрологија, станува збор за година на златна свиња која се паѓа на секои шеесет години.

„Се надевам дека за време на Годината на свињата ќе се збогатам и ќе уживам. Исто така се надевам дека моите родители ќе бидат здрави, а моите пријатели ќе живеат во мир и радост. “

Вели Денг Ју жител на Пекинг. Оваа година на Златната свиња би можело да влезе во историјата и како една од најплодна за и онака пренаселената Азија. Искуствата покажуваат дека е особено добро за благостојбата на детето ако тоа е родено во годината на Златната свиња. Последната таква година се падна веднаш по крајот на Втората светска војна кога целиот свет, а посебно Азија се уште страдаше од воените последици.
XS
SM
MD
LG