Достапни линкови

Италија го корсити фактот што Хрватска аплицира за членство во ЕУ


Италија го корсити фактот што Хрватска аплицира за членство во Европската Унија. Вака експертите ја објаснуваат најновата затегнатост на релацијата Загреб, Рим околу интрепретацијата на поновата историја. На слични притисоци беше изложена и Словенија која со отстапката за право на купување недвижности мораше да ја плати италијанската поддршка за своето членство во Унијата.

Не станува збор за различно гледање на историјата, туку за нејзина злоупотреба. Ова го оценува Томислав Јакиќ, советник за надворешна политика на хрбатскиот претседател Стипе Месиќ во врска со италијанските настојувања де ја ревидираат историјата од Втората светска војна на хрватските и словенечките простори.

„Нашиот проблем не е историјата, иако така може да ни се причинува. Проблем е злоупотребата на историјата во функција на постигнување краткорочни политички цели.“

Вели Јакиќ. Професорот на загрепскиот факултет за политички науки Иван Грдешиќ пак додава дека уште од времето на владеењето на премиерот Берлускони кога беше одликувано фашистичкото раководство на градот Задар, се забележува дека Италија инсистира на овие теми. Тоа е така и сега кога на власт е левицата, вели Грдешиќ:

„Позицијата на Италија во Европската Унија, а италијанците себе се нарекуваат, како што видовте деновиве, голема држава, е таква да и овозможува да ги удира кандидатите за членки и од лево и од десно. Мислам дека Унијата и Баросо треба да играат поинаку.“

И Словенија во времето на преговорите за членство во Европската Унија беше изложена на италијански притисоци, вели аналитичарот Давор Џенеро. Тогаш Словенија, по интревенцијата на еврокомесарот Хавиер Солана, мораше да попушти:

„Со таканаречената Соланина формула или шпанскиот компромис, Словенија мораше да се согласи и да го отвори својот пазар на недвижности најпрвин за италијанските граѓани, а потоа и за другите во Унијата.“

Слични притисоци правеше и Австрија, барајќи од Словенија да им го признае малцинскиот статус на австријците во таа земја и разни други погодности за нивните имоти, национализирани по Втората светска војна. Но, притисоците не продолжија, бидејќи Словенија и требаше на Европа од некои други причини:

„Беше излог кон Балканот и постјугословенска успешна приказна. Постоеше консензус во Европската Унија таа приказна да им се понуди како добар пример и на другите балкански земји.“

Вели Џенеро, заклучувајќи дека и во случајот со Италија и во случајот со Австрија станува збор за политички, а не и за имотни проблеми, односно за релативизирање на нивната улога во Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG